Дела Ап. 10:33-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Затоа веднаш испратив по тебе и ти добро направи што дојде. Еве не сега сите собрани овде пред Бог, за да слушнеме што се ти е доверено од Господ.“

34. Тогаш Петар почна да зборува: „Сега сфаќам дека Бог навистина не е пристрасен кон никого,

35. туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа.

36. Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.

37. Знаете што се се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти.

Дела Ап. 10