Дела Ап. 10:25-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Кога Петар влегуваше, Корнелиј клекна пред него, искажувајќи му така длабока почит.

26. Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“

27. Корнелиј стана, а Петар почна да му зборува. Кога влегоа внатре, Петар виде голем број собрани луѓе.

28. Тогаш Петар им рече: „Вие знаете дека е спротивно на еврејските закони да се дружам со неевреи и да доаѓам кај нив. Но Бог ми покажа дека никого не треба да го сметам за гнасен и нечист.

29. Затоа, без да се противам, се одѕвав на вашата покана. А сега да ве прашам: Зошто ме повикавте?“

Дела Ап. 10