Дела Ап. 10:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!“

16. Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.

17. Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелиј, кои, прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата,

18. прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.

Дела Ап. 10