11. и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња,
12. а во него имаше секаков вид четириножни животни, влечуги и птици.
13. Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“
14. „Никако Господе! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони!“ - одговори Петар.
15. Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!“
16. Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.
17. Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелиј, кои, прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата,
18. прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.
19. Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи.
20. Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“
21. Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“
22. Тие му одговорија: „Не испрати офицерот Корнелиј. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“