7. Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен.
8. Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.
9. Потруди се да дојдеш кај мене колку што можеш побргу.
10. Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација.
11. Само Лука остана со мене. Доведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.
12. Тихик го пратив во Ефес.
13. Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.
14. Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.