2 Тимотеј 4:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е.

17. Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.

18. Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!

19. Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.

2 Тимотеј 4