2 Тимотеј 2:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд.

7. Размисли за ова и Господ ќе ти помогне овие нешта целосно да ги разбереш!

8. Постојано имај Го на ум Исус Христос! Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите. Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам.

9. Поради тоа што ја проповедам Радосната вест сега сум в затвор, како да сум злосторник. Но Божјата порака не е окована!

10. Готов сум се да издржам, ако со тоа придонесам оние што Бог ги одбрал да добијат спасение и вечна слава, бидејќи Му припаѓаат на Исус Христос.

2 Тимотеј 2