1. Тимотеј, сине мој, Исус Христос ти е благонаклонет! Дозволи Му да те направи силен.
2. Она што го слушаше од мене пред многубројни сведоци, пренеси им го на оние луѓе кои заслужуваат таква доверба, луѓе што се способни да поучуваат и други.
3. Како добар војник на Исус Христос издржи го твојот дел од страдањата, како што и јас го издржувам мојот дел.
4. Кога еден војник е на должност не треба да се плетка со цивилни работи. Само така ќе може да го исполни она што од него го бара неговиот претпоставен.
5. Кога еден атлетичар се натпреварува, не може да победи, ако не се придржува до правилата.
6. Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд.
7. Размисли за ова и Господ ќе ти помогне овие нешта целосно да ги разбереш!
8. Постојано имај Го на ум Исус Христос! Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите. Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам.
9. Поради тоа што ја проповедам Радосната вест сега сум в затвор, како да сум злосторник. Но Божјата порака не е окована!