2 Солунјаните 3:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. А вам, драги пријатели, што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.

14. Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.

15. Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги како членови на вашето духовно семејство.

16. Господ нека биде секогаш со вас и нека ви дава мир во секакви околности, зашто Самиот Тој е извор на мирот.

17. Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле.

2 Солунјаните 3