2 Солунјаните 1:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.

10. Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.

11. Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите.

2 Солунјаните 1