2 Коринтјаните 9:13-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба. Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите.

14. Тие со голема љубов ќе се молат за вас, затоа што Бог токму преку вас им покажа колку милосрдно им е благонаклонет.

15. А сите ние сме Му благодарни на Бог за Неговиот дар што со зборови не може да се искаже. Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог

2 Коринтјаните 9