15. Сетете се што пишува во Светото Писмо: „На оној што собра многу ништо не му преостана, а на оној што собра малку, сепак, му достаса.“
16. Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.
17. Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат!
18. Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви.
19. Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.
20. Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да не озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови,
21. зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.
22. Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас.