2 Коринтјаните 8:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Драги пријатели христијани во Коринт, сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија.

2. Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи.

3. Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе.

2 Коринтјаните 8