2 Коринтјаните 7:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Имам голема доверба во вас. Се гордеам со вас и навистина сте големо охрабрување за мене. И покрај сите наши тешкотии, мојата радост не знае за граници.

5. Откако дојдовме во Македонија, немаме мир. Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.

6. Но Бог, Кој ги охрабрува потиштените, со доаѓањето на Тит ни ја врати храброста.

2 Коринтјаните 7