2 Коринтјаните 4:12-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас.

13. Ние ќе продолжиме да проповедаме, бидејќи и ние ја имаме истата вера што ја имал псалмистот кога рекол: „Верував во Бог и затоа зборував.“

14. Знаеме дека истиот оној Бог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе не воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе не доведе кај Себе.

15. Сето ова е за ваша полза. Така се повеќе и повеќе луѓе ќе дознаваат дека Бог дарежливо им е благонаклонет и ќе Му искажуваат благодарност, а Бог се повеќе ќе се прославува.

16. Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува.

17. Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно.

2 Коринтјаните 4