2 Коринтјаните 3:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Ако Стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог!

10. Токму поради тоа што новото е далеку повеличествено, старото го загуби својот сјај!

11. Ако Стариот завет, кој веќе е надминат, беше величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет, чија слава ќе трае вечно!?

12. Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме.

13. Ние не сме како Мојсеј, кој ставаше превез врз лицето, за да не забележат луѓето дека сјајот на неговото лице бледнее и исчезнува.

2 Коринтјаните 3