2. Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели? Зар тие кои штотуку сум ги натажил?
3. Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас.
4. Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.