2 Коринтјаните 13:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Кога Христос беше распнат, се чинеше дека е слаб, но Тој е сега жив преку Божјата моќна сила. Така и ние што сме со Него изгледаме слаби, но ние живееме со Него преку Божјата сила, со која ќе истапиме спрема вас.

5. Проверете се и проценете дали ја имате вистинската вера! Дали Исус Христос живее во вас? Ако не, вие сте лажни верници!

6. Се надевам дека ќе се уверите оти ние не сме лажни верници.

7. Му се молиме на Бог да не правите ништо лошо. Не со цел да се докажеме ние, туку за да постапувате правилно вие, па макар и да не сметате за лажни верници.

8. Наша должност е никогаш да не и се противставуваме на вистината, туку цврсто да застанеме на нејзина страна.

2 Коринтјаните 13