2 Коринтјаните 12:16-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Нека биде така. Ќе се согласите дека со ништо не ви бев на товар. Некој може да рече: „Беше таков за лукаво, со измама да не придобие!“

17. Дали јас или некој од оние што ги испраќав кај вас ве искористувале?

18. На моја молба Тит дојде кај вас, придружуван уште од еден брат. Зар Тит ве искористуваше? Зар тој не оди по моите стапки? Зар и него не го водат истите мотиви што ме водат и мене?

2 Коринтјаните 12