2 Коринтјаните 11:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Јас не се сметам за помалку вреден од тие ?супер апостоли‘.

6. Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.

7. Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам?

8. Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам.

9. Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.

10. Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја!

11. Зошто го велам ова? Зар затоа што не ве сакам? Бог знае дека искрено ве сакам.

2 Коринтјаните 11