2 Коринтјаните 11:28-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.

29. Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?

30. Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.

31. Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.

32. Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси.

33. Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец, и така му побегнав.

2 Коринтјаните 11