2 Коринтјаните 1:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Благословен нека е Бог, Кој е и Татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието и Бог од Кој ни доаѓа секоја утеха!

4. Во секоја наша невола не утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите што се во некаква невола, со истата утеха со која Бог нас не утешува.

5. Колку повеќе страдаме за Христос, толку повеќе Бог ќе не опсипе со утеха преку Христос.

2 Коринтјаните 1