2 Коринтјаните 1:14-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. иако сега само делумно ви е јасно. Така, на денот кога нашиот Господ Исус ќе се врати, вие ќе се гордеете со нас, а ние со вас.

15. Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен:

16. еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја.

17. Се надевам дека нема да ме обвините оти не си стојам на зборот и дека се однесувам како световните луѓе кои кога велат „да“ всушност мислат „не“.

18. Бог ми е сведок дека нашето „да“ не е двосмислено, па да значи и „не“,

19. затоа што Божјиот Син, Исус Христос, за Кого ви проповедавме јас, Силван и Тимотеј, не зборуваше двосмислено, туку она што ќе го кажеше секогаш беше и остануваше така како што е кажано.

20. Сите Божји ветувања се исполнети во Него. Затоа, кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“.

2 Коринтјаните 1