1. Од Павле, наименуван од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот драг брат Тимотеј, до Божјата црква во градот Коринт и до сите христијани во цела Ахаја.
2. Ви посакувам Бог, нашиот небесен Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.
3. Благословен нека е Бог, Кој е и Татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието и Бог од Кој ни доаѓа секоја утеха!
4. Во секоја наша невола не утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите што се во некаква невола, со истата утеха со која Бог нас не утешува.
5. Колку повеќе страдаме за Христос, толку повеќе Бог ќе не опсипе со утеха преку Христос.
6. Кога ние страдаме, тоа е за ваше добро и за ваше спасение, зашто кога Бог ќе не утеши нас, тоа и за вас ќе претставува охрабрување и така ќе бидете поподготвени трпеливо да поминете низ истите страдања низ кои ние сега минуваме.