2 Јован 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од старешината Јован, до почитуваната госпоѓа и до нејзините деца. Имам искрена љубов спрема вас, каква што имаат и сите други што ја знаат Божјата вистина,

2. онаа вистина што живее во нас и што ќе биде со нас засекогаш.

3. Бог Таткото и Неговиот Син, Исус Христос, нека ни бидат благонаклонети, нека ни бидат милостиви и нека ни дадат мир, за да останеме на страната на вистината и да живееме во љубов.

4. Многу се израдував кога дознав дека некои од вашите деца се на вистинскиот пат и се придржуваат до заповедта што ни беше дадена од небесниот Татко.

2 Јован 1