17. Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува се што ни е потребно за да уживаме во животот.
18. Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат.
19. Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.
20. Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог! Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува ?знаење‘.
21. Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи. Бог нека ви биде благонаклонет!