1 Тимотеј 5:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!

23. Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.

24. Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време.

25. Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.

1 Тимотеј 5