1 Тимотеј 5:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства. Така противникот ќе нема повод да ги клевети.

15. За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.

16. Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.

17. Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.

1 Тимотеј 5