1 Тимотеј 5:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Освен тоа, тие можат да станат мрзливи и да им стане навика да одат од куќа во куќа. Не само тоа, туку можат да почнат да озборуваат, да прават сплетки и да зборуваат работи што не им прилегаат.

14. Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства. Така противникот ќе нема повод да ги клевети.

15. За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.

16. Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.

1 Тимотеј 5