1 Тимотеј 5:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани, со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.

11. Помлади вдовици не ставај на списокот. Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат.

12. Така ќе го прекршат ветувањето што претходно го дале.

1 Тимотеј 5