1. Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.
2. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.
3. Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.
4. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.
5. Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.
6. Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.
7. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.
8. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.
9. Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.
10. Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.
11. На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.