1 Тимотеј 3:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?

6. Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и Ѓаволот.

7. Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не и припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на Ѓаволот и да се посрамоти.

8. Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.

1 Тимотеј 3