1. Точно е дека кога некој сака да биде водач на црква, посакува многу возвишена работа.
2. Затоа, за да биде човек водач на црква мора да биде без пороци, да и биде верен на својата сопруга, да биде воздржан, разумен, со добар углед, гостољубив и способен да поучува.
3. Не смее да се опива, ниту да врши насилства. Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.
4. Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.
5. Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?
6. Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и Ѓаволот.
7. Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не и припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на Ѓаволот и да се посрамоти.