9. Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.
10. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11. Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12. Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13. зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14. а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15. Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.