1 Тимотеј 1:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.

9. Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават се што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители!

10. Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење

11. што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.

1 Тимотеј 1