1. Од Павле, апостол на Исус Христос, назначен по заповед на Бог, нашиот Спасител, и на Христос, нашата надеж:
2. До Тимотеј, кој заради заедничката вера ми е како син. Ти посакувам Бог Таткото и нашиот Господ Исус Христос да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.
3. Кога заминував за Македонија те замолив да останеш во Ефес и да предупредиш одредени луѓе таму да престанат да шират изопачени учења,
4. да престанат да си го губат времето со митови и со бескрајни родослови. Со такви нешта само предизвикуваат расправии, а не водат до Божјиот план, кој може да се осознае само преку вера.
5. Целта на нашето предупредување е тамошните христијани да научат да сакаат искрено и од се срце, да имаат чиста совест и искрена вера.
6. Некои учители застранија од ова и се свртеа кон празни мудрувања.
7. Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!
8. Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.