7. Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат;
8. но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.
9. Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,
10. Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.
11. Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.