1 Солунјаните 3:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.

4. Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.

5. Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував Сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.

6. Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да не видите.

7. Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу не охрабри.

1 Солунјаните 3