1 Солунјаните 2:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Вие, драги мои, знаете дека нашето доаѓање кај вас не беше загубено време.

2. Знаете како настрадавме и како не навредуваа во градот Филипи, пред да дојдеме кај вас. Сепак, Бог ни даде храброст, наспроти силното противење, и вам да ви ја пренесеме Неговата Радосна вест.

3. Тоа што ви го проповедавме не произлегува од заблуда, ниту пак е со нечисти мотиви, или со измами.

1 Солунјаните 2