1 Петар 5:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од се срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба.

3. Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.

4. А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.

5. Вие што сте помлади, слушајте ги старешините. Всушност, сите треба понизно да си помагате еден на друг, зашто: „Бог на горделивите им се противставува, а спрема понизните е благонаклонет.“

6. Бидете понизни пред Божјата моќна рака, за Бог да ве воздигне кога за тоа ќе дојде време.

1 Петар 5