1. Сакам да ги охрабрам црковните старешини. И јас сум старешина, сведок на страдањето на Христос и знам дека кога повторно ќе дојде и мене ќе ме огрее Неговата слава.
2. Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од се срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба.
3. Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.