3. Доволно време потрошивте учествувајќи во она во што уживаат паганите: во неморал, незауздана похота, опивање, гозби, пијанки и одвратно идолопоклонство.
4. Вашите поранешни пријатели се чудат што вие не сте веќе со нив во тоа море од расипаност, па затоа зборуваат против вас.
5. Но тие ќе полагаат сметка пред Бог, Кој веќе е подготвен да им суди и на живите и на мртвите.
6. Токму заради ова, Радосната вест им беше проповедана и на оние што починаа. Иако телесно беа казнети со смрт, тие ќе живеат духовно, како што и Бог живее како Дух.
7. Крајот е близу. Затоа бидете трезвени и ревносно молете се,
8. а најмногу од се, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови.
9. Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате.