1 Петар 4:10-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите. На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно.

11. Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака. Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог. Се треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња. Амин.

12. Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува!

13. Радувајте се што преку страдањата се идентификувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.

14. Ако ве навредуваат поради тоа што сте Христови следбеници, тоа треба да ве радува! Тоа е доказ дека величествениот Божји Дух е во вас.

15. Срамота е ако некој од вас биде казнет за убиство, за кражба, за злосторство или за правење сплетки,

16. но ако страдате поради тоа што сте христијани, немојте да се срамите. Напротив, бидете Му благодарни на Бог што го носите Христовото име!

17. Бог веќе почна да суди и тоа најпрво меѓу Своите следбеници. Ако ние, христијаните сме судени, каков ли ќе им биде крајот на оние што и се противат на Божјата Радосна вест!?

18. „Ако праведните одвај се спасуваат, што ли ќе биде со безбожните и грешните!?“

1 Петар 4