1 Петар 2:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога. Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бога во денот кога Тој ќе ги посети.

13. Заради Господ, покорувајте им се на институциите на власта: било на царот, како на врховен владетел,

14. било на управниците назначени од него. Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро.

1 Петар 2