1 Петар 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Петар, апостол на Исус Христос, до луѓето одбрани од Бог што живеат во туѓина, распрснати низ Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Битинија.

2. Бог Таткото реши да ве одбере, а Неговиот Дух ве направи свети. Вие Го послушавте Исус Христос и сега сте попрскани со Неговата крв. Ви посакувам Бог да ви биде изобилно благонаклонет и да ви дава се подлабок мир.

3. Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново не роди! Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос.

4. Очекуваме наследство што не се распаѓа, неосквернето, што не венее. Тоа наследство Бог го чува за нас на небото.

1 Петар 1