1 Коринтјаните 7:24-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.

25. За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.

26. Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.

27. Ако си во брак, не барај развод, а ако не си, не настојувај да стапиш во брак.

28. Ако сепак стапиш во брак, тоа не е грев. Ако една девојка стапи во брак, тоа не е грев. Но, ќе помине низ многу овоземни неволи од кои се обидувам да ве поштедам.

1 Коринтјаните 7