1 Коринтјаните 7:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Скапо сте платени и сега и едните и другите сте „Христови робови“, и немојте на никој друг да му слугувате!

24. Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.

25. За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.

26. Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.

1 Коринтјаните 7