1 Коринтјаните 6:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога меѓу двајца христијани има некој спор, им прилега ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од други христијани?

2. Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет? Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор?

1 Коринтјаните 6