1 Коринтјаните 5:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Во моето претходно писмо ви напишав да се држите настрана од луѓе што се впуштаат во блуд.

10. Притоа не мислев на луѓе кои се уште не се христијани, а живеат во блуд. Кога би требало да се држите настрана од сите што во овој свет се неморални, алчни, лажговци и што им се поклонуваат на разни идоли, би требало сосема да го напуштите овој свет!

11. Мислев на луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат. Со такви немојте дури заедно ни да јадете!

12. Зар е моја работа да судам за оние што се надвор од црквата? Не треба ли и вие најнапред да се грижите какви се оние што се внатре во црквата?

13. На оние што се надвор, Бог ќе им суди, а нам Светото Писмо ни порачува: „Отстранете го од вашите редови секој што е зол!“

1 Коринтјаните 5