10. Нас не сметаат за глупави, поради посветеноста спрема Христос, а вас верата во Христос ве направи мудри. Ние сме слаби и понижени, а вие сте моќни и почитувани.
11. Се до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место на живеење.
12. Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце. Луѓето не навредуваат, а ние ги благословуваме. Не прогонуваат, а ние трпеливо поднесуваме.
13. Не напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови. Се однесуваат спрема нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите, се до денешен ден.